Греам Потер ја презема функцијата селектор на Шведска

Не помина долго време откако беше отпуштен од Вест Хем, а Греам Потер се чини дека е блиску до нов договор. Како што објави Би-Би-Си, Потер е во последната фаза од преговорите за позицијата селектор на Шведска еден од потенцијалите ривали на Македонија во баражот за пласман на Светското првенство 2026 година.

Шведска го отпушти Јон Дал Томасон  по лошиот настап во квалификациите за Светското првенство. Шведска е последна во Групата Б со само еден бод од четири натпревари.

Потер не е „странец“ за фудбалските фанови во Шведска. Од 2011 до 2018 година, тој го водеше Остерсунд, со кого стигна до првиот ранг од четвртата лига, и до титулата во Купот на Шведска во 2017 година.

Шведска се покажа исклучително лошо во квалификациите досега, но беше победник во својата група во Лигата на нации со што веќе има обезбедено пласман во баражот за Мундијалот во САД, Канада и Мексико.

Се вчитува...