Дури и греењето на клупата на светските шампионати може добро да се исплати, како што тоа беше случај со Дује Чалета – Цар, кој си обезбеди богат трансфер во Франција иако речиси сите средби во Русија ги мина меѓу резервите на „коцкестите“. Младиот хрватски дефанзивец својата кариера ќе ја продолжи во дресот на Олимпик Марсеј, откако францускиот клуб се согласи да плати 17 милиони евра за да го доведе Чалета – Цар на „Велодром“.
Овој фудбалер го привлече вниманието со одличните настапи во дресот на Салцбург во текот на минатата сезона, кога австрискиот првак стигна и до полуфиналето од Лигата на Европа, каде беше елиминиран токму од Олимпик Марсеј.
За тренерот Руди Гарсија младиот Хрват се наоѓаше на врвот на листата на приоритети, а клупската управата му ја исполни желбата. Олимпик во меѓувреме ги финишира и преговорите за ангажман на Марио Балотели, кој треба да пристигне за десет милиони евра од редовите на Ница.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА