Грег Попович се враќа на клупата на Сан Антонио

Тренерот на Сан Антонио спуррс, Грего Попович месец и половина по мозочниот удар се враќа на клупата на тимот од Тексас.

Тимот во негово отсуство го водеше Мич Џонсон, но сега дојде време тој повторно да ги преземе работите во свои раце, како што и самиот потврди.

„Овие шест недели беа навистина неочекувани за моето семејство и мене. Додека работиме заедно на моето закрепнување, би сакал да одвојам момент да споделам дека поддршката што ја добивме во ова време беше навистина огромна на најдобар можен начин. Иако посакувам да се обратам на секој од вас поединечно, дозволете ми да кажам дека моето семејство и јас сме вечно благодарни на нашата прекрасна заедница, на целата организација на Спурс, како и на нашето семејство и пријатели. Никој не е повозбуден од мене поради моето враќање на клупата, освен талентираните поединци кои го водеа мојот процес на рехабилитација“, напиша Попович. 

Се вчитува...