Тренерот на Сан Антонио, Грег Попович се запиша во историјата на НБА лигата како тренер со најмногу победи на клупата на еден тим престигнувајќи го легендарниот Џери Слоун од Јута.
На синоќешниот меч во НБА лигата, Сан Антонио убедливо славеше против Денвер со 121-97 овозможувајќи му на Попович да стигне до 1.128-та НБА победа.
„Мамузите“ беа предводени од Кавај Ленард со 19 поени, додека Џинобили, Симонс и Паркер постигнаа по 18 поени. Србинот Јокиќ постигна 11 поени. Кај Нагетси се истакна Мареј со 20 постигнати поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА