Грег Попович ќе остане на клупата на Сан Антонио до 2028 година откако потпиша нов пет годишен договор со тимот, потврди НБА лигашот. Тоа значи дека легендарниот тренер ќе го предводи тимот од Тексас до својата 79-годишна возраст и притоа ќе заработи нови 80 милиони долари.
Претходните денови постоеа гласини за можно заминување во пензија, но плановите ги промени Виктор Венбенјама, првиот пик на овогодинешниот драфт кому му се предвидува блескава иднина. Еден од најголемите таленти во кошарката ќе може да учи од тренерот кој е виновен за пет шампионски титули.
Новиот договор воедно ќе ја продолжи и неверојатната низа на соработка која трае од 1996 година.
The San Antonio Spurs today announced that President of Basketball Operations and Head Coach Gregg Popovich has signed a five-year contract.
📝 https://t.co/M498EDXuRr pic.twitter.com/x6TsUqQ03n
— San Antonio Spurs (@spurs) July 8, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

