По поразот од Брентфорд раководството на Манчестер Јунајтед сериозно размислува за отказ на Рубен Аморим, португалскиот стратег кој пристигна на „Олд Трафорд“ како решение за проблемите на славниот англиски клуб, но не само што успеа да ја направи својата магија, туку ја продолжи „црната“ низа која ја започна Ерик тен Хаг.
Аморим оваа сезона забележа три порази, едно реми и две победи па Манчестер Јунајтед одново се наоѓа при дното на табелата. Со цел нова енергија во тимот која ќе донесе далеку подобри резултати и ќе го врати клубот при самиот врв раководството е подготвено за нова промена, а изборот паднал на Грем Потер, откриваат англиските медиуми.
Потер извонредно си ја вршеше задачата во Брајтон, клуб кој го предводеше од 2019 до 2022 година по што следеше преселба во Челси, каде не ги исполни очекувањата. По отказот на „Стемфорд Бриџ“ долго време чекаше нов ангажман, истиот го доби во Вест Хем Јунајтед, но и таму потфрли па доби нов отказ.
Со оглед на падот во тренерската кариера и двата откази во низа Потер овој пат нема да чека долго за нов ангажман па и самиот е подготвен да го прифати предизвикот во Манчестер Јунајтед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

