Грешка на столетието: Порто го отпиша пред пет години, а сега вреди 100 милиони евра

Младата португалска ѕвезда Жоао Феликс игра блескаво во дресот на Бенфика, го посакуваат најголемите европски клубови и за него нудат преку 100 милиони евра, а големот ривал Порто може да жали за најголемата грешка во својата клупска историја. Порто важи за клуб кој работи одлично и умее да заработи на продажба на фудбалери, но во случајот на Жоао Феликс ја направи најголемата грешка. Пред пет години го избрка од Академијата проценувајќи дека нема да биде квалитетен фудбалер, поради неговата слаба физичка конституција.

Жоао Феликс замина во Бенфика како слободен фудбалер и се разви во фантастичен играч, кого го најавуваат како наследник на Кристијано Роналдо. Реал Мадрид, Барселона, Манчестер Јунајтед, ПСЖ, наддаваат за да го купат 19-годишниот офанзивен играч за врска. Сега тој е гордост на Бенфика, а

Се вчитува...