Григор Димитров по бројни обиди, конечно успеа да стигне до една Мастерс-титула во кариерата, освојувајќи го турнирот во Синсинати како увертира за УС Опен. Бугарскиот тенисер продолжи со одличните игри и во денешното големо финале, во кое во два сета беше подобар од Ник Киргиос, совладувајќи го австралискиот ас со 6-3, 7-5.
Киргиос имаше проблеми со бекхендот во текот на целиот меч, а Димитров знаеше како да го искористи тоа, лесно добивајќи го првиот сет, а потоа трпеливо чекајќи шанса во вториот. Австралиецот се спаси со ас при 30-40 при 3-3 во гејмови, но немаше сили за слично нешто при резултат 5-5, кога Димитров го направи вториот брејк и си го трасираше патот кон победата.
Оваа титула ќе му донесе на бугарскиот тенисер и враќање во Топ 10 листата на најдобри светски тенисери.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА