Младинскиот ракометен репрезентативец Григор Трајковски е нов голман на МРК Куманово. За него тоа претставува враќање на добропознато место каде настапуваше во младинските категории по што продолжи во РК Алкалоид и РК Мулти Есенс.
Тој е последен во серијата на засилувања. Како потсетување, МРК Куманово претходно ги потврди ангажманите и на Стефан Лазаревски, Лука Матачиќ, Жоао Виктор Соарес Флорес и Џанкарло Фелипе Хен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА