Џек Грилиш блескаше во својот настап за Евертон, откако неговите две аситенции помогнаа домашниот тим да слави со 2-0 над Брајтон. Првиот гол беше дело на Ендиаје во 23. минута од средбата, додека вториот го постигна Гарнер во 52. минута.
Грилиш, заедно со Гарнер и Ендиаје беше оценет за најдобриот на теренот во оваа победа за составот од Ливерпул, прва во новата сезона за „карамелите“.
На вториот натпревар во исто време, Кристал Палас и Нотингем Форест одиграа без победник 1-1. Домашните поведоа со голот Сaр во 37. минута, додека израмни Хадсон-Одои во 57. минута од средбата. Форест на крајот имаше шанса и за пресврт, но Жесус ја погоди стативата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

