Грилиш фатен на дело со стјуардеса, ама девојката не смее да му каже збор (ВИДЕО)

Фудбалерот на Манчестер сити, Џек Грилиш продолжува да „лумпува“ по локации ширум светот не паметејќи веќе кога последен пат бил трезен. Изминативе денови беше „уловен“ запуштен и во друштво на други девојки, за што се огласи и неговата девојка Саша Етвуд.

Џек и Саша од поодамна живеат заедно, но англискиот репрезентативец е прилично слободен и често забележуван во друштво на други девојки.

Неодамна имаше луда ноќ на Ибица, уживајќи во друштво на разголена стјуардеса. Лудата забава на Ибица си ја продолжи потоа со уште полуда забава на концерт, а интересно и покрај тоа што сите снимки и фотографии од неговите луди забави се појавија во јавност неговата девојка Саша остана потполно смирена. Не смее да каже ниту збор.

Саша Етвуд се што направи по сето тоа е објава на Инстаграм во елегантен црвен фустан од нејзиниот одмор во Италија кој тече паралелно додека Грилиш лудува по светот.

Се вчитува...