Џек Грилиш е изоставен од списокот играчи кои Пеп Гвардиола ги носи на Светското клупско првенство. А, тоа може да значи само едно, Гвардиола повеќе не смета на играчот за кого Сити и плати на Астон Вила вкупно 100 милиони фунти пред четири години.
Грилиш во Сити пристигна со статус на стандарден репрезентативец на Англија, а бидејќи почесто ја грееше клупата во клубот, стана и поранешен член на репрезентацијата.
Претходната сезона беше стартер само седум пати, а воопшто не доби шанса и во финалето на ФА Купот во сезоната 2023/2024 против Манчестер Јунајтед, по што од тогаш веќе се се движеше кон разделба.
Според англиски Телеграф, Грилиш не е дел од тимот што ќе патува во САД, додека клубот истовремено ги финализира трансферите на играчите кои ќе заземат место во средниот ред – тоа се Тијани Рејндерс и Рајан Черки.
Грилиш е помирен со ситуацијата, свесен дека нема што повеќе да бара во Сити и е фокусиран на новите предизвици што го очекуваат сега. Според англиските медиуми има неколку понуди од клубови од Премиерлигата, но и од италијански Наполи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

