Џек Грилиш беше еден од неколкумината врвни фудбалери на Англија за кои се очекуваше да добијат поголема улога на овој европски шамионат. Тој најчесто влегуваше во игра во вторите полувремиња од натпреварите, тоа беше случај и во големото финале, но иако се очекуваше Грилиш да биде сигурен изведувач на пенал во завршницата, асот на Астон Вила не се најде на листата на селекторот Саутгејт.
Фановите веднаш почнаа со критики кон него поради непреземањето на одговорност, но Грилиш експресно возврати, откривајќи дека тој самиот се пријавил да изведува пенали, но не бил избран од страна на селекторот.
„Сакав да шутирам пенал, му го реков тоа и на селекторот. Тој донесе многу исправни одлуки во текот на целото првенство, исто така и за време на големото финале. Сепак, не сакам луѓето да мислат дека сум кукавица, дека сум се криел од преземањето одговорност, кога пред сите реков дека сум поготвен да шутирам пенал“, порача Грилиш.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА