Крилниот напаѓач на Манчестер Сити, Џек Грилиш беше повикан од в.д. селекторот на Англија, Ли Карсли за натпреварите од Лигата на Нации против Грција и против Ирска, и покрај тоа што ги пропушти последните пет меча за Манчестер Сити поради повреда.
Англија игра против Грција на 14 ноември во Атина, и против Ирска на домашен терен три дена подоцна на „Вембли“.
Карсли исто така повика и двајца дебитанти. Станува збор за 22 годишниот централен дефанзивец на Саутемптон, Тејлор Харвуд-Белис и 20-годишниот лев бек на Њукасл, Луис Хол.
Your #ThreeLions for their final camp of 2024! 🦁
— England (@England) November 7, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА