Грилиш заминува од Сити, но останува во Премиерлигата

Џек Грилиш се приклучи на Манчестер Сити во 2021 година за астрономски 100 милиони фунти. Од англиската ѕвезда се очекуваше многу, но очигледно е дека не ги оправда до крај очекувањата.

Изминатата полусезона Грилиш започна само еден натпревар во дресот на „граѓаните“ од првата минута, по што на крај од сезоната му беше кажано дека може да бара нов средина.

Сега бара нов клуб, а согласно последните информации, тој нема да се врати во Астон Вила од каде дојде во Сити, туку треба да ја продолжи кариерата во редовите на Евертон.

Евертон веќе започнал преговори со Манчестер Сити за трансфер на Џек Грилиш.

Големата плата што ја има во Манчестер Сити би можела да биде проблем, но сигурно е дека ќе прифати намалување за да игра редовно.

Од друга страна, Евертон би добил многу добар фудбалер кој би им помогнал да ги оствари своите цели.

Се вчитува...