Грималдо: Очекував повик во репрезентацијата на Шпанија

Фудбалерот на Баер Леверкузен, Алехандро Грималдо е разочаран што и покрај извонредните настапи не доби можност да настапи за репрезентацијата на Шпанија во претстојните квалификациски мечеви за ЕП со Шкотска и Норвешка.

Дури 16 играчи на Баер им се приклучија на националните тимови, но Грималдо не е еден од нив и покрај неговите импресивни настапи во дресот на фармацевтите. Левиот бек е еден од клучните поединци во тимот што го предводи Чаби Алонсо кој е на врвот на табелата во Бундеслигата.

„Да се ​​случеше ова пред неколку години, веројатно ќе бев лут – но не сега. Дури и ова ме мотивира дополнително. Шпанија има исклучителен тим, но очекував и се надевав да бидам повикан бидејќи играм многу добро. Ќе продолжам да работам кон таа цел, можеби еден ден ќе се оствари“, изјави Грималдо. 

Се вчитува...