Репрезентативецот на Шпанија, Алехандро Грималдо, не можеше да го сокрие своето изненадување од односот на дел од фудбалската јавност кој прво ја отпиша „фуријата“, а потоа по впечатливите игри и ја додели улогата на фаворит пред почетокот на нокаут фазата на Европското првенство во Германија.
Шпанија во осминафиналето ќе игра против Грузија, а потоа најверојатно ќе се сретне со домаќинот на европскиот шампионат.
„Пред еден месец не бевме во кругот на фаворити, судејќи по луѓето и медиумите, а сега сме фаворити? Се се менува навистина брзо, а нас не ни користи да бидеме фаворити, не сакаме дополнителен притисок. Знаеме и секогаш сме кажувале дека сме тука да го освоиме ЕВРО. Се држиме до тој менталитет, одиме натпревар по натпревар, чекор по чекор. Сигурен сум дека претстојат големи достигнувања“, изјави Грималдо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА