Гримау добива отказ во Барселона

Далеку помалиот буџет за сезоната 2023/24 на Барселона донесе изненадување уште пред почетокот на сезоната назначувајќи го 45-годишниот Роџер Гримау за наследник на литванскиот старатег Шарунас Јасикевичиус со двогодишен договор.

Очекувањата за младиот стратег беа големи, поготово доколку се земе во обѕир формата на тимот од стартот на сезоната, но на Гримау нема да му се суди по добрите игри прикажани во Евролигата, туку по неуспехот да освои трофеј, што на каталонскиот тим му се случува прв пат по сезоната 2016/17.

Барселона потфрли во Купот на Шпанија, беше елиминирана во четвртфиналето од Евролигата и покрај предноста на домашен терен, а претрпе елиминација и во полуфиналето од разигрувањето за титула во шпанското првенство во серијата со Реал Мадрид. Поради тоа Гримау нема да продолжи на клупата на Барселона и раководството на тимот веќе активно работи на негова замена.

Како најголема желба се јавува поранешниот тренер Чави Пасквал кој воедно е и последниот тренер кој и ја донесе евролигашката титула на Барселона во 2010 година, а на листата на потенцијални тренери се и Јака Лаковиќ и Серхио Скариоло.

Се вчитува...