Дрејмонд Грин и Јусуф Нуркиќ не успеваат да ги смират страстите по немилиот инцидент на натпреварот помеѓу Голден Стејт Вориорс и Феникс во декември претходната година во кој Американецот на неспортски начин го удри репрезентативецот на Босна и Херцеговина со тупаница, па заработи подолга суспензија.
Двајцата корпулентни кошаркари одиграа нов меѓусебен натпревар откако Грин се врати на теренот на кој одново беа видени искри. А, препукувањата не престанаа и по средбата и продолжија преку социјалните мрежи откако Нуркиќ изјави дека Американецот не научил ништо и треба да остане надвор од теренот.
На својот подкаст Грин му одговори на Нуркиќ нарекувајќи го кукавица.
„Даде шест поени и слави така што го удира паркетот, дечко ти не си доволно добар да го правиш тоа. Потоа почнува да го доведува во прашање мојот карактер, каква кукавица. И тоа по натпревар во кој го уништив. Срамота. Јас сум четирикратен шампион и Ол-стар играч и треба да те уништам на теренот, а ти стана познат дека те трејдуваа од Денвер само за да те тргнат од таму и Јокиќ да може да стане тоа што е денеска“
По критиката на Грин не требаше долго лукаво да одговори Балканецот.
„Се е во ред „лошо момче“, само немој предолго да се задржуваш на подкастот да не задоцниш на терапија“, беше одговорот на Нуркиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

