Грин: Сакав да се пензионирам, но Силвер ме предомисли

Дрејмонд Грин паузираше три недели од терените во НБА лигата по испадот на натпреварот помеѓу Голден Стејт и Феникс на кој физички го нападна репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Јусуф Нуркиќ без причина.

Четирикратниот НБА шамапион и еден од најзначајните кошаркари во историјата на франшизата Голден Стејт Вориорс по советувањето се врати на теренот, а откри и интересен разговор со комесарот на НБА, Адам Силвер.

„Ми беше преку глава од се и тоа му го кажав на комесарот Адам Силвер. Му реков дека ќе се пензионирам, а тој ме советуваше дека тоа е брзоплета одлука и дека нема да ми дозволи да го направам тоа. Долго разговаравме и многу ми помогна. Благодарен сум за тоа што нашата лига и комесар како Адам Силвер. Него му е поважно да ви помогне отколку да ве повреди“, изјави Грин.

Се вчитува...