Косово ја изненади Македонија со победа во првото коло од претквалификациите за СП 2019, а селекторот Бред Гринберг очекува од своите избраници и вечерва (20.30 часот) во СЦ „Борис Трајковски“ да прикажат слична игра како пред десет дена во Приштина.
„Знаеме колку е значаен овој натпревар за нас. Исто така, знаеме колку е значаен за Македонија, која нема право на грешка по првите два порази. На последниот меч во Талин претрпевме пораз, очекувам овојпат да покажеме далеку поголема агресивност во одбраната и да одиграме на посакуваното ниво. Знам дека моите кошаркари ја разбираат големината на предизвикот пред нив и дека ќе го дадат својот максимум на теренот“ – изјави Гринберг во пресрет на денешниот натпревар.
Неизвесно е дали косовскиот селектор ќе може да смета на капитенот Дардан Бериша, кој се повреди во финишот од дуелот со Естонија, но затоа во составот ќе се најде натурализираниот Американец Скот Бамфорт, кој допатува со селекцијата во Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА