Гринвуд донесе триумф за „ѓаволите“ против Интер

Манчестер Јунајтед оствари минимален триумф над италијанскиот калчолигаш Интер совладувајќи го со 1-0 на мечот во Сингапур, што се игра под закрилата на Интернационалниот куп на шампионите. Тимот на Оле Гунар Солскјер стигна до победата со голот на младиот фудбалер Мејсон Гринвуд во 76. минута од средбата.

Тој доби шанса во 63.минута на местото на Марсијал и покажа дека Солскјер може сериозно да смета на неговите голгетерски квалитети.

Се вчитува...