Гринвуд и девојката која го обвини за силување чекаат дете

Фудбалерот Мејсон Гринвуд ќе стане татко, открива „Сан“. Наводно играчот чека дете со неговата девојка Хариет Робсон. За потсетување дека Робсон го обвини Гринвуд за тепање, поради што играчот на Манчестер Јунајтед беше приведен.

Неодамна сите обвинувања против Гринвуд беа отрфлени, а обвинителството тоа го објасни со повлекување на главниот сведок. Уште тогаш се шпекулираше дека Гринвуд и Робсон повторно се заедно, а токму неговата девојка била клучниот сведок. Откако решиле за обнова на врската, девојката се одлучила да го повлече обвинението.

На 30 јануари 2022 година напаѓачот беше уапсен, и потоа обвинет за обид за силување со нанесување телесни повреди. Потоа беше ослободен со кауција, а потоа повторно притворен, па повторно ослободен.

Се вчитува...