Офанзивниот фудбалер на Олимпик Марсеј, Мејсон Гринвуд на лето ќе го напушти клубот, откако одлучи да ја смени средината и да продолжи во некој поголем клуб.
Екс фудбалерот на Манчестер Јунајтед имаше проблеми со законот и беше обвинет за силување, но сето тоа го остави зад него, и пружа неверојатни партии во францускиот тим. Иако договорот со Марсеј му истекува дури во 2029 година, тој е решен после две години да си замине од тимот.
Шпански и англиски клубови се интересираат за потписот на овој фудбалер. Неговата вредност во моментов се проценува на 50 милиони евра, но Марсеј сигурно ќе прифати и 10 помалку. Тие го купија од Манчестер Јунајтед за сума од околу 25 милиони евра. Претходно како позајмен играше во Гетафе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

