Гринвуд: Најдобра одлука е да заминам, не сакам да му пречам на клубот

Манчестер Јунајтед денеска објави дека го раскинува договорот со Мејсон Гринвуд, кој од седумгодишна возраст е дел од оваа екипа. Гринвуд ја прекина соработката, откако беше обвинет за насилство врз неговата девојка, со што беше суспендиран од Јунајтед, а против него беше покрената и истрага.

Гринвуд последен пат за Јунајтед играше во јануари 2022 година. Фудбалерот ги отфрли обвинувањата и рече дека разбирливо е луѓето да го осудуваат од она кое го виделе на социјалните мрежи.

„Воспитан сум така што знам дека насилството и злостовувањето се погрешни. Не сум ги направил работите за кои сум обвинет и во февруари сум ослободен од обвиниение. Во целост ги прифаќам грешките и преземам дел од одговорноста за ситуацијата кои доведоа до објава на соијалните мрежи. Денешната одлука е дел од процесот на соработката со Манчестер Јунјатед, моето семејство и мене. Најдобра одлука е да продолжам со кариерата напуштајќи го Олд Трафорд, каде што моето присуство нема да му пречам на клубот. Благодарност за поддршката низ сите овие години. Засекогаш во мене ќе постои дел во срцето за Јунајтед“, се огласи Гринвуд.

Се вчитува...