Селекторот на фудбалската репрезентација на Јамајка, Хеимир Халгримсон обавил разговори со играчот на Гетафе, Мејсон Гринвуд околу можноста да заигра за оваа селекција.
Гринвуд има само еден настап за селекцијата на Англија во Лигата на Нации во 2020 година против Финска, и ги има сите критериуми да ја смени репрезентацијата.
Јамајка сака да го види во квалификациите за пласман на СП 2026 година. Наводно и самиот фудбалер изразил желба да игра за Јамајка, а во последно време оваа селекција е атрактивна за англиските фудбалери. Оваа репрезентација нема пласман на Мундијал од 1998 година, кога играа во Франција и испаднаа во групата каде беа заедно со Хрватска, Аргентина и Јапонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА