Мејсон Гринвуд е меѓу најзаслужните што Олимпик Марсеј е второпласиран на табелата во француското првенство, со што гигантот од „Велодром“ ќе стигне и до билет заа учество во ЛШ.
Поранешниот ас на Манчестер Јунајтед се покажа како еден од главните играчи на Олимпик, па иако пред два месеци имаше и мал конфликт со тренерот Де Зерби тој децидно порачува дека не размислува за заминување од „Велодром“. Напротив, иако има понуди на маса Гринвуд не ја крие желбата да заигра за тимот од Марсеј во елитното европско натпреварување.
„Ако се прашувам јас, ќе бидам овде и во следната сезона. Желба ми е да играм за Олимпик Марсеј во ЛШ, сите останати фудбалери ми велат дека атмосферата на тие средби е неверојатна, неспоредлива со било што друго. Би сакал да го доживеам тоа во дресот на Олимпик. Oва беше позитивна сезона, а јас сум среќен во Марсеј, неодамна добив бебе со мојата девојка и искрено не размислувам за заминување“, истакна Гринвуд.
Англискиот интернационалец сезонава постигна 19 гола на 33 средби, со што заостанува само два гола зад најдобриот стрелец во францускиот шампионат, Усман Дембеле од ПСЖ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

