Гринвуд со кауција пуштен од притвор

Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Мејсон Гринвуд заврши во притвор по обвиненијата дека ја силувал и претепал неговата девојка, но од денеска е на слобода откако била платена кауција. Челниците на „црвените ѓаволи“ го суспендираа Мејсон на неопределено откако се појавиа снимките на кои ја злоставува својата девојка Хериет Робсон.

Гринвуд беше уапсен во неделата, по што беше задржан три дена во полиција, која му земаше изјава за тешките обвинувања против него.

„Еден маж на 20 години, кој беше уапсен поради сомневање за насилство и силување на жена, е пуштен на слобода откако беше платена кауција, пред да биде направена дополнителна истрага“, соопштија од полицијата.

Девојката на Мејсон на својот Инстаграм објави фотографии со крваво лице и модринки по телото и за тоа го обвини Гринвуд, кој веднаш беше приведен во полициска станица.

 

 

 

Се вчитува...