Грицја по 16 години се пласираше на ЛОИ, Адетокумпо импресиран: Подобро сценарио не можев ни да замислам

Грчката кошаркарска репрезентација по пауза од 16 години се пласираше на Летните олимписки игри кои оваа година ќе се одржат во Париз откако триумфираше на квалификацискиот турнир одигран во Атина совладувајќи ја Хрватска во големото финале на крилја на домашните навивачи.

По натпреварот за медиумите говореше најголемата ѕвезда во грчкиот состав, Јанис Адетокумпо. НБА кошаркарот не ги штедеше зборовите велејќи дека вакво сценарио ни самиот не можел да замисли.

„Неверојатно. Подобро сценарио не можев ни да замислам. Предводени сме од еден од моите идоли, имам неверојатни соиграчи и веќе долги години сакаме да направиме нешто за помнење. Вакво достигнување пред својата фамилија и своите навивачи е нешто посебно.

Сите си ја завршивме задачата, бевме фокусирани. Знаевме дека имам голема шанса на свој терен да осигураме место за Париз. Од првиот ден се концентиравме на себе и задоволен сум како одигравме. Важно е дека бевме многу гладни“, изјави Адетокумпо.

Се вчитува...