Антоан Гризман, исто така, се прости од Меси на својот профил на Инстаграм со неколку емотивни зборови во кои потврдува дека Аргентинецот бил неговиот пример.
Заминувањето на Меси ги погоди сите во Барселона, а неговите соиграчи веќе два дена се збогуваат со Аргентинецот, Лео најверојатно во вторник во Париз ќе биде претставен како големо засилување на ПСЖ.
Според француските медиуми двете страни веќе се договорени, Аргентинецот од францускиот гигант ќе добие 40 милиони евра за договор од две години, а истиот ќе може да биде продолжен на уште една.
„Можам само да кажам што мисли секој симпатизен на фудбалот – БЛАГОДАРАМ! Благодарам за се што направив за Барселона, за овој град и клубот. Ти посакувам се најдобро, вие и вашето семејство да бидете среќни каде и да одите. Многу малку луѓе знаат како е да се биде Меси и ти беше пример за мене во секој поглед”, додаде Французинот.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА