Антоан Гризман останува во Атлетико Мадрид до 2027 година откако денеска францускиот голгетер официјално го продолжи договорот со клубот од главниот град на Шпанија за уште две сезони.
Овој потпис значи дека искусниот напаѓач кој со 197 постигнати голови во сите конкуренции е најдобриот голгетер во историјата на „црвено-белите“ ќе ја надмине границата до 10 години во еден клуб.
El delantero ha ampliado su contrato con nuestro club ✍️
ℹ️ https://t.co/ZbbeIu3v27 pic.twitter.com/PzywVpMmfD
— Atlético de Madrid (@Atleti) June 2, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

