Гризман донесе победа за Атлетико Мадрид

Атлетико Мадрид стигна до осмата победа во Ла Лига оваа сезона, славејќи над Валјадолид на гости со 2-3. Со ова составот на Диего Симеоне се израмни на врвот на табелата со Барселона, со по 31 бод.

Никола Калиниќ донесе водство за гостите, а Антоан Гризман од пенал зголеми на 0-2 пред одморот. Но, Валјадолид не се предаде така лесно. Калеро намали на 1-2 во 57.минута, а шест минути подоцна Саул си постигна автогол. Сепак, Гризман со погодокот во 80.минута донесе важен триумф за Атлетико Мадрид во борбата за врвот.

Се вчитува...