Атлетико Мадрид за првпат сезонава врза четири победи во Ла Лига откако тимот на Диего Симеоне вечерва пред своите гледачи славеше над Леванте со 3-1. Човек на одлука беше Антоан Гризман, кој влезе во игра во второто полувреме и со два гола им ја доесе победата на „јорганџиите“.
Дуелот почна одлично за Атлетико откако домаќините поведоа во раната фаза на мечот поведе со автоголот на Дела во 12. минута. Радоста траеше само девет минути бидејќи гостите израмнија преку Санчез, по што Атлетико се мачеше да искреира шанси во противничкиот шеснаесетник.
Ситуацијата целосно се промени по влегувањето на Гризман на местото на Љоренте во 61. минута, за веќе во првата следна акција францускиот ветеран да стрела прецизно за водство од 2-1. Конечните 3-1 повторно ги постави Гризман, како јасен доказ дека Французинот се уште е од голема помош секогаш кога тоа ќе се побара од него.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

