Асот на Барселона, Антоан Гризман би можел да направи сензационален трансфер во Манчестер Сити доколку клубот од „Етихад“ не успее да го доведе во своите редови Хари Кејн, пишуваат медиумите на „Островот“. Французинот кој е „план Б“ за Пеп Гвардиола воедно е и поевтина опција од капитенот на англиската репрезентација со оглед на тоа што Трансфермаркт го проценува на околку 70 милиони евра, наспорти Кејн за кој „граѓаните“ ќе мораат двојно повеќе да го „одврзат ќесето“.
Англискиот првак остана без Серхио Агуеро, Гвардиола не е најзадоволен ниту од Бразилецот Жезус, поради што е јасно дека Сити ќе мора да донесе врвен голгетер во овој преоден рок. Не е тајна дека приоритет е доведувањето на Хари Кејн, но тоа лесно може да се искомпликува бидејќи челниците на Тотенхем веќе објавија дека ќе направат се за да го задржат својот капитен во лондонскиот клуб.
Како предност за остварување на овој трансфер се јавува неповолната финансиска ситуација во Барселона. Каталонскиот тим ќе мора да продава ова лето, а ниту Шпанците не ја исклучуваат можноста за заминување на 30-годишникот кој не успеа да се снајде најдобро во тандем со Лео Меси. Згора на тоа, Барса летово веќе ги доведе Агуеро и Депај како засилување за нападот, со што ја отвори вратата за заминување на Гризман доколку пристигне интересна понуда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА