Гризман е пред заминување, пола тим е лут на препотентниот Французин

Антоан Гризман пред неколку месеци беше опишан како херој на Атлетико Мадрид, откако реши да остане член на овој клуб одбивајќи неколку понуди по забраната за трансфери што ФИФА им ја изрече на „јорганџиите“. Од сегашна перспектива, тоа беше погрешен потег бидејќи Гризман е очигледно незаинтересиран и исфрустриран за време на натпреварите, а таа тензија веќе почнал да ја пренесува и врз своите соиграчи.

Како што јавува „Дон Балон“, повеќе од половина екипа на Атлетико е разочарана од односот на француската суперѕвезда, од кои оние најискусните, Габи, Годин и Хуанфран веќе отворено влегле во конфликт со него. Ставот на фудбалерите е дека е подобро Гризман да си замине, кога веќе не се чувствува како дел од екипата, а и самиот Диего Симеоне сега сериозно ја разгледува оваа опција за јануарскиот преоден рок, за кога Атлетико веќе ги има договорено трансферите на Диего Коста и на Витоло.

ATLETIKO EKIPA

Во новиот договор на Французинот има клаузула за заминување во висина од 100 милиони евра, сума што Жозе Мурињо е подготвен да ја плати за да го доведе во Манчестер јунајтед, но се очекува во трката по овој фудбалер да се вклучат и Барселона и Челси.

Се вчитува...