Францускиот репрезентативец Антоан Гризман, ги демантираше гласините за незадоволство околу тоа што капитенската лента му припадна на Килијан Мбапе. Претходно беше најавено дека фудбалерот би можел да ја заврши репрезентативната кариера поради капитенската лента, но асот на Атлетико воопшто не размислува на таа ема.
Блиските луѓе до Гризман ги демантираа ваквите шпекулации, и јавија дека Антоан е среќен што е во репрезентацијата, и дал целосна поддршка на Мбапе, со кого имал конструктивен разговор по конечната одлука на селекторот Дешамп.
Останува вечерва да се види на дело тандемот Гризман – Мбапе, како функционира на терен против силен ривал како што е селекцијата на Холандија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

