Антоан Гризман го постигна првиот гол за Франција во квалификациите за ЕВРО 2020, отворајќи го резултатот на гостувањето против Молдавија.
Погодокот беше мало ремек-дело, откако тој одигра двојно додавање со Погба, асот на Јунајтед ја префрли целата одбрана на домаќините, по што Гризман со волеј со сета сила „ја скина мрежата“ на Молдавците.
Франција доминира во првото полувреме и има предност од 0-3, како што му доликува на актуелниот светски првак против една од најслабите европски селекции.
Pogba’s pass ?
Griezmann’s volley ?What a goal from France!! #MOLFRA pic.twitter.com/iOlMrbn9as
— GFFN Match Zone (@GFFNMatchZone) March 22, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА