Францускиот интернационалец Антоан Гризман нема да ја прифати понудата на Барселона да се пресели на „Камп Ноу“, велат информациите од Шпанија. Тој ќе остане верен на Атлетико Мадрид најмалку уште една сезона, тврди шпанскиот медиум „АБЦ“.
Атлетико Мадрид ќе му ги подобри условите на Гризман, а и дополнително ќе го засили својот ростер, па тимот на Диего Симеоне ќе влезе во нова битка со Барселона и со Реал Мадрид за шампионската титула во Ла Лига. Токму тоа е и желбата на Французинот, да освои шампионски трофеј со „јорганџиите“.
Гризман најави дека ќе ги разреши сите дилеми околу својата иднина пред почетокот на Светското првенство, а наводно на дел од своите најблиски пријатели веќе им кажал дека ќе остане во редовите на Атлетико Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА