Гризман ќе игра само уште два меча за Атлетико и се сели во САД

Антоан Гризман дефинитивно го напушта Атлетико Мадрид, но тоа нема да се случи на крајот на сезонава како што беше најавено, туку на почетокот од месец март, јавуваат шпанските медиуми.

Гризман кариерата ќе ја продолжи во МЛС-лигата како член на Орландо, а раководството на американскиот клуб успеало да го убеди Французинот да се пресели преку Атлантикот порано од првичните прогнози. Причина се парите – доколку Гризман потпиша за Орландо до 10 март ќе може да пристигне како „designated star player“ (ѕвезда на лигата), со што би можел да добие и значително повисока плата.

Доколку се чека до крајот на сезонава, Французинот би имал два до три пати помала плата во Орландо, па јасно е зошто тој во меѓувреме го планот и веќе почна да се пакува за преселба во САД.

Тој ќе биде во комбинација за утрешното гостување со Осасуна, а за симболиката да биде поголема, Атлетико во следниот меч на 7 март го пречекува Реал Сосиедад, првиот клуб на Гризман во Ла Лига, па ветеранот речиси сигурно токму на овој дуел и официјално ќе се збогува од навивачите на Атлетико.

Се вчитува...