Францускиот фудбалер Антоан Гризман е лут на фудбалерите на Барселона, бидејќи не го сакаат во клубот. Неодамна тој објави дека го напушта Атлетико Мадрид, а сите веднаш го преселија на „Камп ноу“, но никаков напредок не е остварен бидејќи, фудбалерите на „каталонскиот гигант“, не сакаат да ја делат соблекувалната со него.
Шпанските медиуми пишуваат дека Гризман очекува повик од Барселона, но повик во кој ќе му соопштат дека не се заинтересирани за него. Од целата ситуација може да профитираат Пари Сен Жермен и Манчестер Сити, кои сакаат во своите редови да го доведат Французинот.
‼ [? SPORT] | Antoine Griezmann is annoyed with the Barcelona dressing room after learning (via Sport) that he would not be welcomed at the club, if the Catalan club oves for him this summer
⚠ He already said that he would leave Atletico. Now he’s in no man’s land ?#FCB pic.twitter.com/BtbzWK7jjP
— Barcaadmirers™ (@Barcaadmirers) May 30, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА