Гризман: Меси? Се уште се запознаваме

Фудбалерот на Барселона, Антоан Гризман, ги негираше обвинувањата дека е во лоши односи со првата „ѕвезда“ на клубот, Лионел Меси. Французинот во текот на летниот преоден рок од редовите на Атлетико Мадрид, премина во Барселона. На 12 одиграни мечеви во Ла лига постигна четири гола и забележа три асистенции.

„Срамежлив сум и не сум добар во комуникацијата со луѓето. Не сум од оние што почнуваат муабет. Но, Лео, Луис и ја се подобро се запознаваме. Нашиот однос ќе напредува со текот на времето, а тоа ќе се покаже и на теренот“, изјави Гризман. 

Барселона викендов го совлада Леганес со 2-1, а во среда ги очекува меч со Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите.

Се вчитува...