Атлетико Мадрид го победи Депортиво Ла Коруња со 0-1 на гостински терен и се пласираше во четвртфиналето на Купот на кралот.
Мадридскиот тим славеше на гостински терен со минимален резултат, што беше сосема доволно за пласман во следната рунда и насмевка на лицето на Диего Симеоне.
Херој на „јорганџиите“ беше Антоан Гризман, кој го постигна единствениот гол на натпреварот во 61. минута од средбата.
Атлетико ќе игра во четвртфиналето со подобриот од дуелот меѓу Албасете и Реал Мадрид, кој е закажан за среда навечер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

