Гризман: Не го славев голот, од почит кон тројца Уругвајци

Франција го совлада Уругвај со 2-0 и се пласира во полуфиналето на Мундијалот во Русија, каде за противник ќе ја има Белгија. Антоан Гризман беше стрелец на вториот гол за „триколорите“, а голем удел за топката да заврши на вистинското место имаше и уругвајскиот голман Муслера. А, Гризман не го прослави погодокот, потоа објаснувајќи ја и својата реакција.

„На стартот на професионалната кариера имац голем помош од еден Уругваец. Тој ме научи многу работи за фудбалот, и поради тоа многу ја почитувам оваа земја. Исто така, за Уругвај играат и моите соиграчи од Атлетико, Годин и Хименез. Сосема е нормално што не го славев голот, но секако се радувам што ќе играме во полуфиналето“, изјави Антоан Гризман.

Се вчитува...