Францускиот фудбалер Антоан Гризман летово од Атлетико Мадрид за сума од 120 милиони евра премина во редовите на Барселона. Каталонците вложија огромна сума на пари во доведувањето на Французинот кој се уште не покажа зошто е донесен на „Камп ноу“.
Во шпанските медиуми веќе на големо се зборува дека Гризман по само една помината година може да го напушти шпанскиот гигант. Французинот е незадоволен од ситуацијата во Барселона и размислува за премин во Франција. Интерес за него покажал францускиот шампион Пари Сен Жермен кој е подготвен да понуди голема сума на пари, доколку Барселона се откаже од неговите услуги.
Гризман досега сезонава забележа 15 настапи за Барселона на кои постигна само четири гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА