Антоан Гризман ги минува последните месеци во дресот на Атлетико Мадрид откако францускиот голгетер реши кариерата да ја продолжи во американската МЛС-лига.
Орландо е клубот што ги има правата прв да го убеди Гризман на преселба во САД, а челниците на клубот од Флорида веќе неколку месеци работат напорно за оваа голема желба да стане реалност. За овој клуб своевремено настапуваше Рикардо Кака, па водечките луѓе на Орландо веруваат дека со Гризман како лидер повторно би составиле конкурентен тим што би се борел за висок пласман во МЛС-лигата.
Самиот ас во минатото говореше дека би сакал пред крајот на кариерата да заигра во САД, а извори блиски до Гризман тврдат дека тој го нема променето ставот на оваа тема.
Французинот летово ќе стане слободен играч, по што без отштета би се преселил во САД, а во таборот на Орландо се надеваат дека трансферот ќе го официјализираат до крајот на месец март, за да го осигураат овој мега-трансфер, без разлика што Гризман дури летово би се преселил од другата страна на Атлантиккот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

