Атлетико Мадрид против новиот прволигаш Гирано едвај извлече „жива глава“. Но, вистински главата ја загуби нивниот најдобар фудбалер Антоан Гризман по еден дуел со противничкиот голман.
Гризман во 66. минута, при водство на домашните од 2-0, се обиде да се избори за пенал, но не му помина тоа кај главниот судија Хуан Мартинез Мануера кој му додели жолт картон за симулирање. Тоа го разбесна Французинот кој веднаш му се впушти на судијата: „Пи.ко!“. Мартинез без да трепне веднаш му покажа директен црвен картон.
Поради овој инцидент Гризман би можел да добие и до четири натпревари суспензија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА