Гризман: Присуството е почит… зошто ги нема Роналдо и Меси?

Антоан Гризман се појави на вчерашното доделување на „Златната топка“, демантирајќи ги претходните најави дека разочаран што нема да го добие престижното признание одбил да допатува на церемонијата. Францускиот репрезентативец покажа дека е голем човек и кога не победува, а по доделувањето јавно изрази сомнеж дека истото е случај и со Лионел Меси и Кристијано Роналдо, кои десет години доминираа на овие награди, а годинава не се појавија на ниту едно официјално доделување.

„Кога ми рекоа дека добитникот не сум јас, туку Модриќ, бев многу разочаран, сакав само да останам сам за да се соочам со реалноста. Сепак, горд сум што бев во финалето, а ниту еднаш не ми падна на памеет да не дојдам на церемонијата. Тука сум од почит, и кон организаторите и кон добитникот. Штета што не дојдоа сите овде, бидејќи ова треба да е собир на најдобрите. Зошто ги нема Меси и Роналдо, сепак ќе треба да ги прашате нив двајца“ – истакна Гризман.

Кристијано Роналдо го освои второто место во гласањето, Меси беше петтопласиран, но ниту едниот ниту другиот не се појавија на гала-вечерата за доделување на „Златната топка“.

Се вчитува...