Францускиот репрезентативец Антоан Гризман, проговори за тешкиот период кој го имал додека бил дел од Барселона. Крилниот фудбалер признал дека во Барселона не му било овозможено да игра на неговата позиција, и дека му била многу тешка адаптацијата во дресот на „Каталонците“.
Гризман беше дел од Барса од 2019 до 2021 година, а потоа се врати во Атлетико. Неговиот трансфер од „јорганџиите“ на „Ноу Камп“ крена многу прав, и ги разлути навивачите на Атлетико, а дел од нив и натаму не му простија ниту откако се врати на „Ванда Метрополитано“.
„Првата година ми беше многу тешка. Бев замена, не играв. И кога играв, бев на друга позиција. Системот на игра беше поинаков, морав да се навикнувам. Во втората сезона веќе ми беше полесно“, рече Гризман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

