Гризман сака да игра за Франција на ОИ во Париз

Францускиот фудбалер Антоан Гризман изрази желба да настапува на престојните Летни олимписки игри кои оваа година ќе се одржат во главниот град на Франција. Искусниот голгетер сака да биде еден од тројцата фудбалери постари од 23 години во составот на селекторот Тијери Анри.

Тоа значи дека 32-годишникот ова лето би можел да игра на две големи натпреварувања – Европското првенство кое ќе се одржи од 14. јуни до 14. јули во Германија и Игрите кои ќе бидат во етерот од 26. јули до 11. август.

„Тоа е нешто исклучително, Игрите да се одржат во Париз. Ќе разговарам со раководството на Атлетико Мадрид да видам дали ќе ме пуштат да настапам. Го знам моето тело, имаме одлични физиотерапевти и мислам дека нема да ми биде проблем да настапам“, изјави Гризман.

Покрај фудбалерот на Атлетико Мадрид, желба да учество на Олимпијадата изрази и асот Килијан Мбапе кој престојното лето ќе замине од ПСЖ.

Се вчитува...