Францускиот интернационалец Антоан Гризман синоќа постигна многу значаен гол на „Емирати“ за реми (1-1) на Атлетико Мадрид против Арсенал во првиот полуфинален натпревар од Лигата на Европа, а потоа се осврна и на својата иднина. Иако се поврзува со можен трансфер во Барселона или во Манчестер јунајтед, Гризман истакна дека би сакал да остане во Атлетико Мадрид и следната сезона.
„Се уште не сум сигурен за својата иднина. Моите претставници имаат интензивни контакти со клубот, а јас сум среќен во Атлетико Мадрид. Се надевам дека оваа сезона ќе ја завршиме со голем трофеј“, изјави Гризман.
Интерес за услугите на Французинот искажува и Јувентус, но како што стојат работите во моментов тој е најблизу до останување во Мадрид и нов атак на шпанската титула, но конечно и на трофејот во Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА